САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

Од:

На Денот на планетата Земја продолжуваме со работата за еколошки и дипломатски решенија што ќе придонесат кон поздрава планета за сите, соопштија денеска од Стејт департментот по повод 52. годишнина од празникот Earth Day.

-Кризата со климатските промени е приороритет во надворешната политика на Администрацијата во Вашингтон, чии напори се окрупнување на глобалните амбиции за намалување на стакленичките гасови, вметнување на климатската димензија во пошироките политики и зголемување на инвестициите за адаптација на климата и отпорност, се вели во соопшението.

Се додава дека благодарејќи на американското лидерство во GOP26 во Глазгов, светот сега е поблиску да се задржи лимитот на пораст на глобалната температура до 1.5 степени Целзиусови. САД исто така ја објавија својата долгорочна стратегија донесена по Парискиот договор, според која земјата треба да постигне нула издувни гасови до 2050 година.

-Во партнерство со ЕУ, ние издвоивме повеќе од 100 земји во борбата за намалување на испуштањето метан. Од Стејт департментот го споменаа и ветувањето на претседателот Бајден да се конзервираат и заштитат најмалку 30 отсто од почвата и водата на САД.

-Се надеваме други земји да прифатат слична амбиции за конзервација.

САД исто така играа значајна улога во консензусот донесен од Асамблејата за природна средина на ОН годинава да се започне со меѓународен процес за глобален договор за окончување на загадувањето со пластика.

Од Стејт департментот исто така напоменуваат дека внимателно се следат реалиите низ целиот свет со тоа колку заедниците страдаат поради деструкција на животната средина, „вклучувајќи ги тие и во Украина, кои доживееја загуби на живот поради руската инвазија“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски