Велика Британија размислува да испрати тенкови во Полска за да може Варшава да ги испрати своите тенкови на украинските сили кои се борат против Русија, изјави британскиот премиер Борис Џонсон од Индија.
– Размислуваме да испратиме тенкови во Полска за да им помогнеме, бидејќи тие испраќаат дел од нивните Т-72 во Украина, изјави Џонсон пред новинарите за време на дводневната посета на Индија.
Извор: МИА