Вработените во Зегин бојадисуваа велигденски јајца со децата од СОС Детско село

Од:

По повод големиот христијански празник- Велигден, дел од тимот на компанијата Зегин денеска имаше прилика празнично да се дружи со дечињата од СОС Детско село и заеднички да бојадисуваат велигденски јајца.

Иницијативата за овој посебен настан беше на компанијата Зегин и Фондацијата Др. Верица Механџиска, која со задоволство беше прифатена од СОС Детско село. Целта на ова дружење беше желбата да им се донесе радост и топлина на децата без родителска грижа.

Компанијата Зегин со многу љубов подготви подароци за сите деца од селото, како и за децата од згрижувачките семејства кои се наоѓаат надвор од селото.

Посетата на СОС Детско село е најдобриот начин да се воочи какви промени се случуваат во животот на децата и заедницата.

Поддршката е клучна, а дружењето со овие деца претставуваше посебно искуство за тимот на Зегин.

Низ игра,смеа и музика, како и одлично расположение беа бојадисани најубавите Велигденски јајца.

Со овој благороден чекор компанијатa Зегин уште еднаш ја докажа својата општествено одговорна мисија, со желба и поттик и останатите компании да се приклучат кон ваквите иницијативи.

*ПР текст

Би можело да ве интересира

ФЛЕКС КРЕДИТ и оваа година се закити со статуетка за значаен придонес и поддршка на децата штитеници на СОС Детско село

Предраг Петровиќ

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село: „Да ги пренесеме најважните семејни вредности за децата во кумската куќа“

Орце Костов

Здравата уста е здраво тело

Зегин донираше апарат за мерење на билирубин кај новороденчиња на болницата во Охрид

Во духот на традицијата-ЗЕГИН со поддршка на големиот христијански празник Водици

Како за крај на годината, компанијата ЗЕГИН ги израдува најмалите