Митева: Владата наместо да ги прифати барањата на СОНК, се служи со недемократски принципи на заплашување и закана дека нема да им исплати плата

Од:

По денешната прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева од медиумите беше запрашана како ги коментира состојбите во образованието со оглед на фактот дека СОНК го продолжува штрајкот, а владата нема решение за нивните барања.

„Ова е уште еден доказ дека Македонија е заробена држава. На дело се гледаат жестоки притисоци кои оваа Влада ги прави врз образовниот кадар. И наместо да ги прифати барањата на СОНК кои во целост се оправдани, се служи со недемократски принципи на заплашување и закана дека нема да им исплати плата на образовниот кадар. Иако СДСМ е партија која е добро позната по ваквиот принцип на работа, сепак морам да истакнам дека сум згрозена од методите кои што ги употребува власта врз просветните работници“, истакна Митева.

Митева додаде дека СДСМ само придонесе да има енормно поскапување на сите трошоци за живот. Но, СДСМ не придонесува за зголемувањето на платите на образовниот кадар, кое всушност ќе значи само дека го добиваат она што основно им е потребно.

„Кога треба да обезбедат пари за граѓаните тогаш СДСМ се повикуваат на светски економски кризи, а кога треба да ги задоволат личните или партиските бизнис интереси тогаш пари во буџетот има“, нагласи Митева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО