Медведев: Русија мора да биде подготвена на агресивни акции на НАТО

Од:

Поранешниот руски претседател и премиер, а сега актуелен заменик претседател на моќниот Совет за национална безбедност, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека Москва мора да биде подготвена за можни агресивни акции на НАТО, пренесе Тасс.

Медведев изјави дека военото зацврстување на границите на НАТО со Русија повеќе не е само фигуративно.

Минатата недела тој го предупреди НАТО дека доколку Шведска и Финска се приклучат кон Алијансата, тогаш Русија ќе распореди нуклеарно оружје и хиперсонични ракети во нејзината европска енклава.

Пред да ја почне инвазијата, Русија побара НАТО да се воздржи од какво било идно проширување, но војната доведе до распоредување на повеќе сили на НАТО на нејзиното источно крило.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Русија: Подготвени сме за сериозни преговори

А1он

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз