ВМРО-Народна: Да се поведе постапка за забрана на партиите кои се повикуваат на Ванчо Михајлов

Од:

ВМРО-Народна партија соопшти дека се согласува дека името на Ванчо Михајлов не е соодветно избрано за да претставува културен клуб во Македонија.

„Во исто време во врска со реакциите кои овие денови ги има во Северна Македонија, сакаме да ја потсетиме македонската јавност дека во македонскиот политички простор постојат барем две политички партии кои во континуитетот на своите конгреси ги имаат вградено и конгресите на ВМРО под водство токму на Ванчо Михајлов.

Затоа ВМРО-Народна партија бара од Министерството за правда да ги идентифицира тие политички партии кои веќе се имаат повикано на континуитетот на Ванчо Михајлов и да се поведе постапка за нивна забрана во Македонија.

Во исто време сметаме дека дојдено е време македонската историографија да ни каже, ако веќе Ванчо Михајлов претставува толку црна личност, тогаш зошто светлите личности кои се бореа против него исто така ги нема во македонската историја и се комплетно избришани, а притоа се членови на ВМРО-Обединета, односно прогресивни и национално освестени Македонци.

Сакаме да спомнеме само некои од нив: Владимир Поп Томов, Петар Шанданов, Методија Шаторов Шарло, Антон Југов, Георги Пирински, Васил Ивановски, Лев Главинчев, Пеце Трајков.

Ова се главните личности кои водеа борба против Ванчо Михајлов, зошто овие личности ги нема во македонската историја“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска