Италијанскиот премиер Марио Драги е позитивен на Ковид-19, но тој нема симптоми, соопшти неговиот Кабинет.
Драги требаше да отпатува во Конго и во Ангола, каде требаше да потпише нови договори за снабдување со енергенси.
Наместо премиерот, италијанската делегацијата ќе ја предводат министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо и министерот за транзиција на екологија Роберто Чинголани.
Извор: МИА