Партија на пензионери: Присуството на Петков и Јотова на отворањето на културниот центар „Ванчо Михаилов“ никако не придонесува за подобри односи меѓу двата народа

Од:

„За Партијата на пензионери (ПП), самото присуство на највисока делегација на Р Бугарија предводена од Премиерот Петков и Потпретседателката Јотова, при отворање на Клуб на Бугарски културен центар во Битола, именуван со името на Ванчо Михаилов, кој е неспорно докажан соработник на фашистичкиот режим од Втората светска војна, никако не придонесува да се подобрат односите помеѓу двата народа. За ПП таквото нивно постапување е само уште една провокација кон македонските граѓани и навреда на жртвите на фашизмот и нивните потомци во Македонија и светот“, соопшти Партијата на пензионери.

„ПП, поради фактот дека, додека Петков во Битола изјавува: „Ова (бугарското) прашање не е партиско туку национално и треба да дојде до обединување на сите бугари“, Потпретседателката Јотова, надмено, дрско и навредливо негира дури и постоење на македонска нација, истовремено искажувајќи небулозни сомнежи за начинот на спроведување на пописот и бројот на граѓани на Македонија кои се изјасниле како бугари, таквото однесување го квалификва и смета за злоупотреба на пруженото гостопримство.

Со соседите, ако постојат искрени и нескриени намери, се постапува со меѓусебно уважување и почитување на взаемните, но и на поединечните интереси, без уцени и злоупотреба на „доминантната“ позиција, бидејќи само така може да се дојде до компромисно и прифатливо решение од двете страни

Затоа Партија на пензионери, согледувајќи го претходното и сегашно фактичко однесување на бугарските раководства, очекува јасна и одлучна реакција од страна на државното водство на РС Македонија, како и „прилагодено“ постапување во иднина во врска со „спорните“ прашања помеѓу двете земји, без никакви отстапки од базичните македонските национални интереси“, се наведува во соопштението на Партијата на пензионери.

Би можело да ве интересира

Партијата на пензионери даде поддршка на Стево Пендаровски како кандидат за претседател

Партијата на пензионери: Уставен прифатил иницијатива за поддржување неправда со која директно се загрозува кревката демократија

Ана Ололовска