Партијата на пензионери: Уставен прифатил иницијатива за поддржување неправда со која директно се загрозува кревката демократија

Од:

Со прифаќањето на иницијативата да го преоценува Членот 11 од Законот за амнестија, Партијата на пензионери смета дека Уставниот суд прифатил иницијатива за поддржување на неправда со која директно и погубно се загрозува кревката демократија во земјата.

„Партијата на пензионери со неверување и зачуденост го следи постапувањето на Уставниот суд во врска со прифаќањето на иницијативата за преоценување на член 11 од Законот за амнестија.

Партијата на пензионери смета дека Уставниот суд, со ваквата одлука, ризикува да создаде услови со кои ќе се урнисаат сите досегашни напори за правда и нулта толеранција на корупцијата и да промовира неправда, неказнивост и заштита на криминалот.

Апострофирајќи ги и почитувајќи ги правдата и демократијата, како врвни приоритети на нашето општество, Партијата на пензионери ја поддржува иницијативата за Автентично толкување на членот 11 од Законот за амнестија од Собранието на РС Македонија, а ќе ги поддржи и ќе се приклучи во другите идни демократски постапки со цел да се спречи можноста за ново „правно цунами на правдата и демократијата“ и уништувањето на надежите на правдољубивите и чесни граѓани на нашата земја“, се вели во соопштението на Партијата на пензионери.

Би можело да ве интересира

СЗПМ: Да се олеснат мерките за возрасните луѓе над 67 години

Ана Ололовска

Народната банка со препораки околу исплатата на априлската пензија

А1он

Над 320 илјади пензионери ќе добијат пензија една недела порано, исплатата ќе се врши етапно

Ана Ололовска

Се бара начин како да се исплатат пензиите на пензионерите кои сакаат готовина

Ана Ололовска

Шкријељ: Секој пензионер за една година ќе добие дополнителни 9.000 денари на сметка

А1он

(ВИДЕО) Царовска и Шкријељ во Гевгелија: Продолжуваме да го јакнеме стандардот на повозрасните