А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Локализиран пожарот во месноста Китрос кај Гевгелија

by А1он09/08/2013 - 12:30192
Share0

Утринава, по повеќечасовна борба со огнената стихија на екипите од Територијалната противпожарна единица од Гевгелија, заедно со вработени од Шумското стопанство „Кожуф“, успееја да го локализираат пожарот што вчера избувна во месноста „Китрос“, Катастарска општина Негорци.

Добивај вести на вибер

Заради превенција, подрачјето е ставено под 24-часовен надзор на 20-члени дежурни екипи на ТППЕ и вработени на шумското стопанство од Гевгелија.

Пожарот зафати простор од близу 50 хектари на подрачјето на локалниот пат Негорци-Кованец, но и во близина на невропсихијатриската Болница во Негорци. За среќа, изгорена е само нискостеблеста шума, прнари и трња, без полски штети на околните посеви.

Причина за настанатиот пожар е најверојатно човечкиот фактор, поради невнимателното палење на стрништа, но за поконкретен извештај вклучена е и стручна интервенција на инспекторатот на Дирекцијата за заштита и спасување и Полициската станица од Гевгелија.

„Во текот на летните месеци зголемен е бројот на интервенции на противпожарната бригада од Гевгелија. Досега во текот на месец јули и август наши екипи интервенирале во 140 случаи на опожарување, од кои доминантни се пожарите на отворенпростор. Имаме и технички интервенции на опожарени возила, најчесто оние што користат погон на плин (автогас), по една до две интервенции неделно. За среќа, човечки жртви нема, но причинета е поголема материјална штета врз возилата“, изјави заменик-командирот на ТППЕ од Гевгелија, Тони Аџи Николов.

А.Д.

pozar

Би можело да ве интересира

Голем пожар во Хрватска, гори објект со опасни материјали, граѓаните добија предупредувачки пораки среде ноќ

Горан Наумовски13/12/2025 - 07:5813/12/2025 - 08:00

(ВИДЕО) Голем пожар на пазар во Санкт Петербург, има повредени

Горан Наумовски10/12/2025 - 18:55

Во Аеродром: Се запали „рено клио“, оштетени се уште две возила

Горан Наумовски09/12/2025 - 18:59

Се запали камион во село Косевица, пожарот го изгаснаа каменичките пожарникари

Горан Наумовски09/12/2025 - 18:11

Во Виена уапсени се девојки осомничени за подметнување 18 пожари „поради досада“

Горан Наумовски08/12/2025 - 07:2308/12/2025 - 10:20

(ВИДЕО) Пожар во објект на скопско Кале

Горан Наумовски04/12/2025 - 20:3504/12/2025 - 20:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен