Група вооружени мажи денеска уби најмалку 9 и повреди 10 лица откако отвори оган врз верници, кои излегувале од сунитска џамија во Квета, главниот град на провинцијата Белуџистан.
Нападот е извршен врз џамијата Фарукија, на излезот од Квета, ден по самоубиствениот напад во кој загинаа 38 лица. Белуџистан истовремено е центар на локално востание, напади на талибанци и на насилства против шиитската заедница.
Во нападнатата џамија се наоѓал и поранешниот министер од локалната власт Али Мадад Џатак. Неговиот автомобил бил изрешетан, но тој останал неповреден, изјави полициски претставник.