Можно е Ал каеда да ги употребила доверливите информации истечени на Викиликс

Од:

Американски воен експерт по исламски екстремизам коj сведочел на судењето против Бредли Менинг, изјави дека е можно членови на Ал каеда да ги употребиле доверливите информации кои беа објавени преку Викиликс, и со нив да планирале напади врз американските сили. Тој, сепак, прецизирал дека нема докази дали тоа навистина се случило.

Капетанот на военопоморските сили Јусеф Абул-Енеин, автор на книгата „Идеологија на исламистичките екстремисти“ и советник во центарот на борба против тероризмот на Пентагон, истакна дека по истечената информација има „илјадници извештаи за масовни воени дејности“.

– Имајќи го предвид досегашното користење од страна на Ал каеда на материјали за обука добиени од противникот, тие би можеле потенцијално да откријат некаков модел на однесување на американските воени сили, изјави Абул-Енеин.

Според него, потоа, членови на Ал каеда би можеле да разработат контрамерки и да планираат заседи. Експертот во исто време призна дека сведочењето на процесот се потпира само врз претпоставки.

Менинг може да добие 90 години затвор за предавање на над 700.000 документи на сајтот Викиликс додека работел како аналитичар за разузнавачки информации во Ирак во 2010 година.

Би можело да ве интересира

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Ал Каеда има нов шеф

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Убиен лидерот на Ал Каеда Ајман ал-Завахири

Катерина Ѓуровски

Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахри, ги обвини САД за војната во Украина

Ана Ололовска

Десет членови на Ал Каеда избегаа од затвор во Јемен

А1он

Висок лидер во Ал Каеда убиен во американски напад со дрон во Сирија

Катерина Ѓуровски