Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахри, ги обвини САД за војната во Украина

Од:

Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал-Завахри, за кого подолго време се сметаше дека е убиен, а од пред еден месец повторно се појави во јавноста, денеска ги обвини САД за војната во Украина.

Во реткото обраќање по повод 11-годишнината од атентатот врз Осама бин Ладен, Ал Завахри кажа дека „слабоста на САД“ е причината поради која Украина стана „лесен плен“.

Повикувајќи на единство меѓу муслиманите, Ал Завахри кажа дека САД слабеат и дека нивната моќ опаѓа, а причина за тоа, како што наведе, е влијанието на војните во Ирак и Авганистан, што почнаа по терористички напади на 11 септември.

Бин Ладен беше организатор и финансиерот што стоеше зад овие напади.

-Еве каде се (САД) по поразите во Ирак и Авганистан, по економските катастрофи предизвикани од инвазиите поврзани со 11 септември, по пандемијата на коронавирусот и откако ја оставија својата сојузничка Украина како плен на Русите, тој лидерот на Ал Каеда.

Специјалци на американската војска го убија Бин Ладен во 2011 година во неговото скривалиште во Пакистан.

Никој не знае каде се крие Ал Завахри, а ФБИ нуди награда од 25 милиони долари за информација која би довело до негово апсење.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ал Каеда има нов шеф

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Убиен лидерот на Ал Каеда Ајман ал-Завахири

Катерина Ѓуровски

Десет членови на Ал Каеда избегаа од затвор во Јемен

А1он

Висок лидер во Ал Каеда убиен во американски напад со дрон во Сирија

Катерина Ѓуровски

Разузнавачка служба на САД: Ал Каеда може повторно да биде закана за година-две

Ана Ололовска

Ал Каеда им се придружи на талибанците

Катерина Ѓуровски