САД: Бродот „Москва“ погоден со две украински ракети; Киев тврди дека загинал капетанот

Од:

САД веруваат дека рускиот воен брод Москва што потона бил погоден од две украински ракети, изјави висок американски функционер, пренесува Би-би-си.

Официјален Киев истакнува дека неговите ракети го погодиле бродот, но Русија не пријави никаков напад и тврди дека бродот потонал откако пожар предизвикал експлозија на муниција.

Украина, пак, тврди дека во експлозијата загинал и капетанот на „Москва“.

Во изјава за Телеграм, Антон Херашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи, рече: „Капетанот од прв ранг, командант на крстосувачот Москва од Црноморската флота Антон Куприн загина за време на експлозијата и пожарот на бродот“.

Капетанот Антон Куприн даде наредба да се бомбардира Змискиот остров на првиот ден од војната.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Спасувачките тимови на мотоцикли ќе почнат да патролираат во Москва

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија