Осигурувањето најдобро и најевитно решение за заштита на посевите

Од:

И покрај државната поддршка за заштита на земјоделските површини од временските непогоди што се обезбедува веќе пет години, се уште е многу мал процентот на нејзино искористување. Од речиси 105.000 земјоделски стопанства само 1.300 ја искористиле субвенцијата која покрива 60 проценти од трошоците за полиси.

Според податоците од терен, градинарите, лозарите и овоштарите засега се најзаинтересирани за осигурување на родот.

– Ниското вреднување на земјоделското производство од страна на осигурителните компании и малиот број прифатливи штети во листата на осигурување се најчестите причини поради кои земјоделците не се одлучуваат на ваков чекор и не ја користат владината поддршка,  сметаат експертите.

Сушата и поплавите, велат, се пример дека најдоброто и најевтино решение за заштита на посевите е осигурувањето.

Годинава за оваа намена се обезбедени 35 милиони денари што е двојно повеќе од лани кога на располагање беа 17 милиони. Право на користење на субвенциите имаат фармерите со максимални површини до 10 хектари за лозови и овошни насади, до два хектара за градинарски култури и за тутун, до 20 хектари за житни култури и до 100 пчелни семејства.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади