Македонија ќе протера уште шестмина руски дипломати

Од:

Министерството за надворешни работи информира дека денеска бил повикан Амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, кому му била врачена дипломатска нота, со која шестмина дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје се посочени како непожелни во државата или персона нон грата.

„Врз основа на информациите добиени од надлежните органи, посочените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

МНР пред две недели прогласи петмина дипломати на руската амбасада во Скопје за непожелни. Од почетокот на војната во Украина, Русија ја прогласи Северна Македонија за непријателска држава, откако земјава се приклучи кон санкциите на ЕУ.

Минатата година двајца руски дипломати беа прогласени за персона нон грата, едниот во мај, а вториот во август и беа протерани од Северна Македонија.

И во двата случаја Русија реагираше со реципрочни мерки, односно со протерување на македонски дипломати од Москва.

Би можело да ве интересира

Русија: Шест британски дипломати обвинети за шпионажа

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Тројца руски дипломати протерани од државата, Захарова вели тоа нема да остане без одговор

Дипломатски синдикат: Османи да се справи со малверзациите и кај другите амбасадори за кои има сознанија

A1on

Група германски дипломати денеска ја напуштија Русија

Од триесетина деградирани дипломати Бујар Османи им го вратил звањето само на оние кои го добиле МНР на суд

A1on