Град Скопје: Распределени 13.300.000 денари за значајни и реални програми и проекти за граѓаните

Од:

Градот Скопје донесе одлука за распределба на предвидените 13.300.000 денари за проекти во областа на културата во 2022 година.

„На јавниот повик кој беше објавен во октомври минатата година, беа повикани сите заинтересирани да го поднесат своето барање за користење средства од Буџетот на Град Скопје за 2022 година, наменети за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје.

На повикот пристигнаа 564 апликации, а Градот Скопје донесе одлука за поддршка на 177 проекти.

Во областа на визуелните уметности и уметност на новите медиуми поддржани се 29 проекти со вкупна вредност од 1.482.000 денари;

Во областа на изведбените уметности поддржани се 24 проекти со вкупна вредност од 2.785.000 денари;

Во областа на музичките уметности поддржани се 65 проекти со вкупна вредност од 6.433.000 денари;

Во областа на издавачката дејност и библиотекарство поддржани се 20 проекти со вкупна вредност од 960.000 денари;

Во областа на меѓународната соработка поддржани се 24 проекти со вкупна вредност од 1.100.000 денари;

Во областа на културниот туризам, промоција на културното наследство и музејска дејност поддржани се 15 проекти со вкупен износ од 540.000 денари“, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Стевчо вети катни гаражи, ама не направи ниту една, сега пак ги ветува истите

Ѓорѓиевски: Аеродром добива нов кружен тек, нов мост и уште многу други инфраструктурни проекти

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

ЈСП има нафта уште за денеска

Пуцко Петрол не доставува нафта за ЈСП: Уценетиот Асмир Јахоски учествува во креирањето хаос, обвинува Град Скопје

Катерина Ѓуровски