Најмалку 16 рудари загинаа, а 12 се тешко повредени во сообраќајна несреќа што рано утринава се случи во провинцијата Западна Папуа во Индонезија.
До несреќата дошло кога се превртел камионот со кој патувале рударите, ангажирани во блискиот рудник за копање злато.
-Во камионот се превезувале 29 лица, на планински пат во областа Мењамбу при што возилото се излизгало и превртело, изјави Монсе Бри од локалната Агенција за пребарување и спасување.
Полициските служби за локалните медиуми соопштија дека најверојатно причина за несреќата се неисправни сопирачки на возилото.
Меѓу загинатите има и едно дете.
Извор: МИА