Во самоубиствен напад во Пакистан загинаа најмалку 38 луѓе

Од:

Најмалку 38 луѓе загинаа, а 50 се повредени во денешниот самоубуиствен напад на погреб на еден полицаец во Квета, во западниот дел на Пакистан.

Нападот бил снимен од камерите, бидејќи погребот бил емитуван во живо. Според дел од западните медиуми меѓу загинатите е и заменикот на генералниот инспектор за полициски операции во Квета, Фајаз Сумбал.

Бомбашот-самоубиец го активирал експлозивот што го имал на себе пред џамијата, додека претставници на полицијата чекале да му одадат почит на колегата.

Се уште никој не презел одговорност за нападот. Во Квета, главен град на пакистанската провинција Балучистан, има голем број екстремисти, меѓу кои и талибанци, разни секташки групи и сепаратисти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица