Приведени две лица, пресечен меѓународен транспорт на дрога во вредност од 50 илјади евра

Од:

На 08.04.2022 од страна на полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција во соработка со Одделот за спречување на организиран и сериозен криминал, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и ОВР Гевгелија во Гевгелија беше спречен транспорт на 16 килограми марихуана во вредност од 50 илјади евра, која требало да биде транспортирана од нашата држава до Република Грција, како крајна дестинација, при што лишени се од слобода две лица.

Имено, по преземени мерки и активности во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во попладневните часови во с.Мрзенци била запленета марихуана, спакувана во 20 полиетиленски пакувања кои биле сместени во 2 торби, а на 11.04.2022, по обезбедени материјални докази, биле приведени Т.П.(30) од Валандово и Ј.Р.(31) од Гевгелија, при што се запленети две возила и неколку мобилни телефони.

Денеска (12.04.2022) од страна на СВР Струмица – ОВР Гевгелија до надлежното ОЈО Гевгелија е поднесена кривична пријава по чл.215 ст.1 од Кривичниот законик и лицата ќе бидат спроведени до Судија на претходна постапка од Основен Суд Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога