Лондон ги проверува тврдењата за евентуален хемиски напад во Мариупол

Од:

Велика Британија се обидува да ги потврди наводите дека руските сили употребиле хемиско оружје во нападот на украинскиот стратешки пристаништен град Мариупол, што е под опсада повеќе од еден месец, соопшти синоќа британското Министерство за надворешни работи.

– Информациите укажуваат дека руските сили можеби употребиле хемиски агенси во нападот врз жителите на Мариупол. Работиме итно со нашите партнери за да ја потврдиме оваа информација, напиша на Твитер британската министерка за надворешни работи Лиз Трус.

Таа додаде дека секоја употреба на овој вид оружје „би претставувало брутална ескалација во конфликтот и ќе го повикаме (рускиот претседател Владимир) Путин на одговорност“.

Украинската пратеничка Ивана Климпуш вчера изјави дека Русија употребила „непозната супстанца“ во Мариупол, што предизвикало респираторни проблеми кај населението.

Најверојатно е хемиско оружје, објави Климпуш на Твитер.

Додека заменик градоначалникот на Мариупол, Петро Андрјушенко на Телеграм објави дека хемиските напади не се потврдени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск