Минатата недела Русија беше суспендирана од водечкото тело за човекови права на Обединетите нации – Советот за човекови права – по гласањето од страна на членовите. Ова следеше по зголемените докази дека руските сили убивале цивили во Украина.
Северна Кореја, која беше меѓу 24-те земји кои гласаа против овој потег, сега ја осуди суспензијата на Русија.
„Она што САД го сакаат е да ги изолираат независните земји и силите кои се борат на меѓународната сцена за да го задржат својот незаконски и нехуман хегемонистички поредок“, се вели во соопштението на владата, кое го пренесува државната новинска агенција КЦНА.
Во соопштението се вели дека меѓународните организации не треба да се „злоупотребуваат“ како средство со кое САД вршат политички притисок врз земјите.
Извор: МИА