СДСМ: Платите на наставниците се зголемени за 21%, само преку социјален дијалог е можно решение

Од:

СДСМ изминатите неколку години и покрај здравствената, а потоа и економската криза, успеа значително да ги покачи платите, со што покажа дека го вреднува трудот на работниците велат во соопштение од владеачката партија.

– Платитие на наставниците во основното и во средното образование во три наврати се зголемени за вкупно 21 отсто во период од четири години. Од 2016 година платата на вработените во градинките се зголеми за повеќе од 16% што во просек значи покачување од 4.300 за негувателки до 5.700 денари за воспитувачките.Токму социјалниот дијалот меѓу репрезентативните синдикати и надлежните институции е единствено решение за штрајкот на СОНК. Целта на Владата предводена од СДСМ и коалиционите партнери е преку континуиран дијалог со СОНК, како репрезентативен синдикат, заеднички да обезбедат одржливи и системски решенија во врска со зголемувањето на платите на наставниците и подобрување на нивниот економско социјален статус се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски