Американскиот турист, хирург од Конектикат, Патрик Бродерик, предизвика огорченост во јавноста во Фиренца, откинувајќи прст од 600 години старата статуа на Богородица.
Бродерик (55), од малото место Њу Ферфилд, се обидувал го спореди својот прст со прстот на мермерната скулптура во Музејот „дел Опера дел Дуомо“, кога случајно откинал парче од нејзината рака.
Бродерик веднаш бил уапсен, во присуство на неговата сопруга и двете деца и бил одведен во притвор.
Чуварот во музејот забележал дека тој премногу ја испитува раката на статуата и се обидел да го предупреди дека не треба тоа да го прави, но, за жал, реагирал предоцна.
Скулптурата во 14. или 15. век ја создал уметникот Џовани Ди Амброџо и за среќа прстот брзо бил поправен.
Бродерик се извинил за својата постапка, а музејот одлучил да не поднесува тужба против него.