СДСМ: А не му се згрози на Мицкоски од Титаник, Тврдина, Таргет и многу други криминали на ВМРО-ДПМНЕ?

Од:

Од СДСМ преку соопштение реагираат на изјавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, дека е згрозен од случајот на Мухамед Зекири.

„Дали Христијан Мицкоски што наводно се згрозил денеска, се згрозил и претходно по пресудите за предметите „Титаник“ “Тврдина – Таргет“ и „Тенк“?

Дали Мицкоски е згрозен за тоа што голем дел од неговите сегашни или поранешни соработници се со судски затворски пресуди или секојдневно се пред судовите во бројните случаи што се водат против нив?

Наместо да се згрозува, Мицкоски треба да побара оставки од Антонио Милошоски и Игор Јанушев пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски процеси, како и против негови соработници во раководството на партијата против кои исто така се водат судски процеси, и да побара одговорност од сите“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

“Платформа 12:05”: Изборите во Брвеница потврдија дека филипче одработува за власта

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината