Османи, Рау и Линде на средба со Кулеба на полско-украинската граница

Од:

Тројката претседавачи со ОБСЕ, министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, на Полска, Збигњев Рау и на Шведска, Ан Линде, на 8 април 2022 година ќе отпатуваат на полско-украинската граница.

„За време на нивниот престој ќе остварат средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и ќе го посетат прифатниот центар за бегалци во близина на граничниот премин Корчова.

Посетата на трите министри е во насока на поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина согласно меѓународното право и основните документи на ОБСЕ, како и за заштитата на основните човекови права на украинските граѓани. Како дел од тројката претседавачи на ОБСЕ, ќе се разгледаат можностите за искористување на механизмите и алатките на ОБСЕ за ублажување на последиците од војната“, информираат од Министерството за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Бујар Османи од Брисел: Европскиот пат е блокиран, Охридскиот договор се урива

Би-Би-Си: Војната во Иран ја зајакна Украина

„Заглави“ испораката на американско оружје за Киев по судирот меѓу Зеленски и Трамп

Горан Наумовски

Хегсет: Сакаме ЕУ да ја финансира војната во Украина

Волкер: Русија не е во можност да постигне пресврт во Украина

Две лица се убиени во руското гранатирање на Херсон