САД: Целосната забрана на извозот на руска нафта ќе предизвика огромен раст на цената на нафтата на светскиот пазар

Од:

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен рече дека целосната забрана за извоз на руска нафта најверојатно ќе доведе до „огромно зголемување“ на цената на нафтата на светскиот пазар, што би им наштетило на САД и нивните демократски сојузници, пренесува Бета.

Во своето сведочење пред Комисијата за финансии на Претставничкиот дом, Јелен вчера рече дека се надева оти нафтените компании во САД и другите делови на светот, мотивирани од сегашните високи цени на таа енергија, ќе можат да го зголемат производството во следните шест месеци.

Коментирајќи ја ситуацијата во Украина, таа рече дека руската инвазија и злосторствата во Буча се „неприфатлива навреда за меѓународниот поредок заснован врз правила“.

Јелен уште истакна дека руските активности во Украина ќе имаат „огромни последици во Украина во иднина“. Според неа, прелевањето на кризата ја зголемува економската ранливост во многу земји кои веќе се соочуваат со зголемено должничко опотоварување и ограничени опции додека закрепнуваат од ефектите на пандемијата Ковид-19.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он