Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг смета дека Алијансата не смее да прави разлика меѓу снабдувањето со одбранбено и офанзивно оружје за Украина и му вети на Кулеба дека ќе разговара за испорака на тешко оружје за НАТО.
Генералниот секретар на НАТО ја даде изјавата на денешната средба со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба.
– Украина води одбранбена војна, така што нема разлика меѓу снабдувањето со одбранбено и офанзивно оружје, рече тој по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на Алијансата, нагласувајќи дека ќе разговара со министрите за набавка на различно оружје, вклучително и тешко оружје.
– Земјите на НАТО веќе обучија десетици илјади украински војници. На нашиот состанок ќе ја разгледаме потребата од дополнително противтенковско и противвоздушно оружје, лесно и тешко оружје и многу различни начини за поддршка на Украина, рече Столтенберг.
Извор: МИА