Уругвајскиот репрезентативец Луис Суарез ги известил првите луѓе на клубот од Енфилд, дека нема да настапува на пријателските натпревари до почетокот на сезоната бидејќи е одбиено барањето за трансфер во Арсенал.
Суарез и неговото заминување од Ливерпул е актуелно цело лето и тој сега се повикува на „џентламентскиот договор“ со клубот, доколку стигне понуда од тим што игра во Лигата на шампионите и е поголема од 35 милиони фунти, тој да добие исписница од „црвените“. Ваков „договор“ паднал минатото лето кога Суарез го продолжи договорот со Ливерпул.
Арсенал понуди 40.000.001 фунти, што значи дека според важечкиот договор на Суарез може да се активира откупната цена, која ја минува сумата од 40 милиони фунти. Тимот од Лондон, понуди „една фунта повеќе“, но во Ливерпул се повикуваат на тоа дека тие се само обврзани да го известат играчот дека за него постои интерес, но не и да го продадат.
Суарез не отпатува со екипата за Норвешка, каде денеска играат пријателска со Валеренга, а најави дека нема да игра ниту против Селтик во Даблин. Во текот на вчерашниот ден се појави е вест дека е „наводно“ повреден. Суарез за Ливерпул одигра 96 натпревари -постигна 51 гол.
Суарез нема право на настап на стартот од новото првенство поради казната од десет натпревари од претходниот шампионат за инцидентот со Бранислав Ивановиќ од Челиз. Му остануваат уште шест натпревари од казната.