Телефонски разговор меѓу министрите за надворешни работи на Кина и Украина

Од:

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји телефонски разговараше со својот украински колега Дмитриј Кулеба и повтори дека Пекинг бара преговори за прекин на конфликтот во Украина.

Пекинг соопшти дека разговорите меѓу двајцата дипломати се одвивале на барање на украинската страна и оти ова е прв официјален контакт меѓу претставниците на двете земји на високо ниво од 1 март.

– И двајцата го делиме верувањето дека ставањето крај на војната против Украина им служи на заедничките интереси на мирот, глобалната безбедност и меѓународната трговија, навел шефот на украинската дипломатија.

Кинескиот министер изјавил дека војните секогаш завршуваат и истакна дека е клучно да се размислува за болните последици од конфликтот и како да се одржи трајната безбедност во Европа и да се воспостави избалансиран, ефикасен и одржлив европски безбедносен механизам.

Министерот Ванг Ји потврди дека Кина е подготвена да преземе „конструктивна улога во објективна позиција“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва