ЕК: Ќе одговориме обединето на барањето на Москва да се плаќа гасот во рубли

Од:

Европската Унија стои на ставот дека договорите за набавка на рускиот гас предвидуваат исплата во евра или долари, јави дописничката на МИА од Брисел.

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, одлучи дека од први април “непријателските земји“, односно земјите кои имаат санкции против Русија, ќе треба да го плаќаат рускиот гас во рубли.

Европската Комисија денеска изјави дека нејзиниот став по ова прашање е јасен: договорите треба да се почитуваат, а исплатата е предвидена во евра или долари, изјавија портпаролите на денешниот редовен брифинг за новинарите.

-Не треба да се прифатат руските барања, ќе ги анализираме барањата на Русија да се плаќа во рубли и ќе контактираме со енергетските компании и земјите членки, по што ќе одговориме на обединет начин за овој обид да се заобиколат нашите акции од страна на Русија, изјави портпаролот Стефан Декерсмакер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста