Фајненшл Тајмс: ЕУ в среда ќе разговара за уште еден пакет санкции против Русија

Од:

Европската унија размислува за дополнителни санкции против Русија и релевантните предлози ќе бидат разгледани в среда, објави Фајненшл тајмс.

„Понатамошни санкции и поддршка од ЕУ се на пат“, соопшѓти синоќа претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел преку Твитер, како реакција на настаните во Буча.

„Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека се очекува амбасадорите на ЕУ да разговараат за нова рунда антируски санкции во среда.

Новите ограничувања би можеле да бидат насочени кон поединци, но може да опфатат и забрана за руски бродови да ги користат пристаништата на ЕУ. Можни се и ограничувања на извозот и снабдувањето со енергија, пишува „Фајненшл тајмс“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста