Рускиот претседател Владимир Путин денеска испрати честитка до белорускиот колега Александар Лукашенко по повод Денот на единството на народите на Белорусија и Русија, во кое ја потенцира важноста од координација на напорите на меѓународната сцена и зајакнување на одбранбените потенцијали на Москва и на Минск.
✉️ Vladimir Putin's message of greetings to President of Belarus Alexander Lukashenko on the Day of Unity between the Peoples of #RussiaBelarus.
???? Our countries have done a great deal to promote integration cooperation in recent times.
? https://t.co/6LPS6NuuDF pic.twitter.com/onNFODRT4V
— MFA Russia ?? (@mfa_russia) April 2, 2022
Во писмото Путин истакнува дека Русија и Белорусија се соочуваат со невиден надворешен притисок и посочи дека најдобар одговор на, како што наведе, „непријателските дејствија“ треба да биде зајакнување на интеграцијата.
– Сигурен сум дека најдобар одговор на непријателските дејствија на голем број земји треба да биде сеопфатното зајакнување на руско-белоруските врски, зајакнувањето на заемно корисните интегративни процеси и билатералната соработка во сите области, истакна Путин.