Лавров благодарен за објективниот став на Индија по однос кризата во Украина

Од:

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров се заблагодари на Индија за објективниот став што државата го зазела по однос кризата во Украина.

Лавров пред средбата со индискиот колега Субрахмањам Џаишанкар оцени дека Западот сака сите меѓународни прашања да ги сведе на актуелната криза во Украина.

– Вие ја знаете нашата позиција. Ништо не криеме и проценуваме дека Индија на ситуацијата гледа од сите агли, не еднострано, рече тој.

Рускиот министер за надворешни работи е во Индија на состаноци насочени кон зајакнување на врските со Њу Делхи.

Индија се воздржува од критикување на Русија заради инвазијата врз Украина. Официјален Њу Делхи се обидува да држи дипломатски баланс по однос украинската криза, одржувајќи добри односи и со Москва и со западните земји.

Инаку, во Њу Делхи се наоѓа и шефицата на дипломатијата на Велика Британија, Лиз Трас, во обид да ги зајакне односите меѓу двете држави.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија