Морисон: Австралија ќе испрати оклопни возила во Украина

Од:

Австралија ќе испрати локално произведени оклопни возила во Украина, по барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон.

Морисон не даде детали околу тоа кога, или колку возила, познати како „Бушмастерс“ (Bushmasters), ќе бидат испратени во Украина.

– Ние не ги испраќаме само нашите молитви, ги испраќаме и нашите пиштоли, ја испраќаме и нашата муниција, ја испраќаме и нашата хуманитарна помош, ние го испраќаме сето ова и панцири, појасни Морисон.

Зеленски во неговиот вчерашен говор во Парламентот на Австралија побара оклопни возила.

– Имате многу добро вооружено возило, „Бушмастер“, што би можело значително да ѝ помогне на Украина, како и други парчиња опрема, што ќе ја засилат нашата позиција во однос на вооружување. Ако имате можност да го споделите ова со нас, ние би ви биле многу благодарни, истакна Зеленски.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ