Јунајтед Груп, водечкиот провајдер за телекомуникации и медиуми во југоисточна Европа, во чии рамки работи компанијата Тотал ТВ во Македонија, денеска објави дека ќе донира 1 милион евра на две добротворни организации за поддршка на хуманитарни напори за помош поврзани со војната во Украина.
Средствата ќе бидат доделени на Меѓународниот медицински корпус, како организација која се фокусира на обезбедување итна медицинска нега и слични услуги за итни ситуации, и на украинската организација Bright Kids Charity посветена на помагање на болни, инвалиди и непривилегирани деца.
Јунајтед Груп е шокиран и згрозен од пустошот што и се нанесува на Украина и нејзините граѓани. Нашето срце е со невините жртви на оваа војна и со сите кои беа погодени од неа. Главниот извршен директор на Јунајтед Груп, Викторија Боклаг изјави: „Како украинска државјанка со семејство кое е сè уште во земјата, оваа војна е исто така лична трагедија за мене. Ништо на овој свет не е повредно од човечкиот живот и наша должност како луѓе е да направиме се што е во наша моќ за да го одржиме мирот!“
Донацијата има за цел да ги намали страдањата на оние што останаа најтешко погодени од војната. Тука спаѓаат бегалци, семејства кои не можеа да побегнат од борбите и деца во институции како сиропиталишта и болници. Средствата ќе бидат искористени за обезбедување медицинска нега и основни материјали како што се медицинска опрема, лекови, пелени, мобилни медицински единици, храна, санитарни услови и средства за хигиена.
Донацијата на Јунајтед Груп доаѓа како дополнување на другите иницијативи на Групацијата и нејзините оперативни компании за поддршка на жртвите од војната во Украина. Тие вклучуваат активности како што се собирање пари и итно потребни материјали, обезбедување на при-пејд телефонски картички и мобилни wi-fi рутери за бегалците и бесплатни повици до Украина преку мрежите на Јунајтед Груп за да им се помогне на семејствата и пријателите да останат во контакт со нивните најблиски.
ПР Текст