МАКАМТРАНС: ОКТА ги стимулира грчките превозници и нанесува штета на македонското стопанство

Од:

Компанијата ОКТА со штетни одредби на предложени договори за превоз објавени на тендер во јуни годинава ги исфрла од можноста на него да учествуваат македонските превозници и да превезуваат нафта и нафтени деривати.

Тоа го соопшти денеска Асоцијацијата на здруженија на работодавачи на превозните трговски друштва на РМ МАКАМТРАНС, која тврди дека со таквото однесување на ОКТА се стимулираат грчките превозници, наспроти македонските и се нанесува штета на македонското стопанство.

Асоцијацијата истакнува дека презела активности за заштита на своите членки, од, како што наведува, самоволието на ОКТА а.д. Скопје. На годишно ниво над 20 милиони евра ќе се одлеваат во Грција за извршени превози на нафта и нафтени деривати, укажува МАКАМТРАНС.

Со штетните одредби, наведува МАКАМТРАНС, се дава можност превозот да го вршат грчки превозници, наместо домашните кои заедно имаат 180 цистерни. Возилата се купени по совет на ОКТА, како мотив за заедничка соработка. Без разлика што ОКТА е приватен субјект и има грчки капитал,наведува МАКАМТРАНС, пред се е македонски правен субјект и треба да ги почитува македонските закони.

Според МАКАМТРАНС, „смислено, условите на тендерот 1103/1 објавен во јуни биле во целост спротивни на Законот за договори за превоз во патниот сообраќај (ЗДППС) и други закони со цел да се обезбедат услови за влез на поголем број грчки превозници“.

– Спротивно на член 105 став 7 од ЗДППС за условите кои мора да се спроведат при објава на тендер бараат минимална цена за превоз без да се води сметка за капацитетот на возила со кои се учествува на тендер за превоз на над 500.000 тони нафта и нафтени деривати, ниво постигнато во 2012 година. Од превозникот бараат да одговара за квалитет на стоката која се превезува (без притоа да им се дава примерок од утоварената стока за споредба) – одговорност на испорачател на стока согласно ЗДППС и ЦМР конвенција, се вели во соопштението.

Се пресметува, додаваат од МАКАМТРАНС, кусок на производот спротивно на признатите законски толеранции за кусок, кој се фактурира како услуга.

– Од аспект на Законот за данок на добивка при пресметка на залиха на крајот на годината не се пријавуваат наплатените надоместоци за кусок, со што се јавува сомнеж за малверзација при пресметка на данок на добивка. Се бара банкарска гаранција за квалитетно извршување работа (кај банка која ја определува Окта), ГПС системи за следење возила и посебни осигурувања со што се оптоварува цената на превозот, а од друга страна ОКТА не дава никаква гаранција за исполнување на нивните обврски кон транспортерите. Обврската на приемникот на стоката целосно се префрла на превозникот, а гаранциите од превозниците ги користат како хипотеки за свои кредити кај нивната банка. Обврската на приемникот на стоката целосно се префрла на превозникот, тврди МАКАМТРАНС.

Соопштува и дека „се врши уцена и притисок на домашните превозници да ја намалат цената на превоз и да ги прифатат сите штетни и незаконски одредби од предложените текстови на договори во предметниот тендер.

– Се стимулираат грчките превозници, наспроти македонските превозници со што се нанесува штета на македонското стопанство, се одливаат огромни финансиски средства на име на надомест за извршен превоз. На годишно ниво се работи за над 20.000.000 евра кои ќе се одлеваат во Грција на име извршени превози на нафта и нафтени деривати. Во целост се загрозува националниот интерес на македонскиот превозник.Ако неможат да работат за домашни трговски друштва, какви се шансите да работат за други држави каде секоја држава ги штити интересите на своите превозници, се вели во соопштението од МАКАМТРАНС.

Би можело да ве интересира

Во ОКТА отворен првиот тренинг-центар за гасење пожари од нафтени деривати

A1on

Пуцко Петрол на Исмаил Јахоски од ДУИ повторно купи акции во ОКТА, сега има удел од 11 отсто

A1on

ОКТА со растечки тренд на домашниот и странскиот пазар

А1он

ОКТА со донација од 50.000 евра ќе го поддржи здравствениот систем

Ана Ололовска

Левица: Штетниот договор со ОКТА заврши и ниту еден функционер не понесе одговорност

Ана Ололовска

ОКТА ќе додели десет целосни стипендии на постдипломци од УКИМ

Ана Ололовска