Пет жртви во вооружен напад во Бнеи Брак во близина на Тел Авив

Од:

Во вооружен напад за кој се докажа дека е терористички на две места во Бнеи Брак кај Тел Авив, вечерва загинаа пет лица, а едно лице е тешко повредено, јавија израелските медиуми.

Напаѓачот возел мотор и бил „неутрализиран“, се наведува во извештаите.

Портпаролот на израелската полиција Ели Леви и градоначалникот на Бнеи Брак, Аврам Рубинштајн, побарале од минувачите да се засолнат и да дозволат брза помош да дојде на местото на нападот.

Околностите на инцидентот сè уште не се јасни.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави