Вартоломеј Први: Невозможно да се замисли колкаво уништување му донесе оваа ужасна инвазија на украинскиот народ

Од:

Духовниот водач на православните христијани, вселенскиот патријарх Вартоломеј, денеска го осуди рускиот напад врз Украина како суров чин што предизвикува големи страдања.

Тој не ја именуваше Русија во коментарите за време на неговата посета на Варшава по средбата со украинските бегалци. Полска прифати најголем број луѓе кои бегаат од војната во Украина. „Едноставно е невозможно да се замисли колкаво уништување му донесе оваа ужасна инвазија на украинскиот народ и на целиот свет“, рече вселенскиот патријарх Вартоломеј Први на прес-конференција.

Тој додаде дека солидарноста со Украинците е единственото нешто што може да го победи злото во светот.

„Тоа ја поттикнува имагинацијата колкав хаос предизвика оваа ужасна инвазија во Украина и во целиот свет“, рече вселенскиот патријарх Вартоломеј Први на Универзитетот „Стефан Вишински“. 82-годишникот, исто така, ја осуди војната како „неправедна“ и „неоснована“ по состанокот со полскиот претседател Анджеј Дуда во понеделникот, додавајќи дека „војна меѓу православните христијани е апсолутно неприфатлива“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Кос: Украина до крајот на 2025 може да ги отвори кластерите за пристапување во ЕУ

Украински дрон уништи руски бомбардер со долг дострел Ту-22М3

Дугин: Украинците се патетични, глупави неверни губитници без љубов, националисти без нацијa

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

Калас: Нападите на Русија врз Украина се интензивираа по понудата за прекин на огнот