Белгија и Холандија протеруваат руски дипломати

Од:

Белгија протерува 21 руски дипломат поради наводно шпионирање и претставување закани за безбедноста, соопшти Министерството за надворешни работи.

Руските дипломати се од амбасадата на Москва во Брисел и конзулатот во Антверпен.

– Сите тие беа акредитирани како дипломати, но работеа на операции за шпионирање и влијание, изјави портпаролот на Министерството.

Холандското Министерство за надворешни работи, исто така, денеска протера 17 руски разузнавачи кои беа акредитирани како дипломати, врз основа на информации од сопствените безбедносни служби, соопшти холандското МНР.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина