А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за две лица за злоупотреби на платежни картички

by А1он29/03/2022 - 14:1729/03/2022 - 14:19342
Share0

СВР Скопје– Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 23-годишниот А.Ѓ. и 25-годишниот А.Ѓ., двајцата од село Рашче, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем” по член 251 и „изработка и употреба на лажна платежна картичка” по член 274 Б од Кривичниот законик, информира МВР.

Добивај вести на вибер

– Првопријавениот, во периодот од септември до декември 2021, додека бил вработен во правно лице во Скопје на работно место продавач, искористувајќи поволна прилика, со својот мобилен телефон ги фотографирал идентификационите податоци од платежните картички заедно со пин кодот од картичките на купувачите, кои му ги давале за плаќање на купената стока, соопшти МВР.

На тој начин успеал да собере податоци на 17 граѓани и потоа, заедно со второпријавениот ги искористиле во неколку наврати за плаќање на комунални сметки и нарачки на производи. По преземени мерки, било утврдено дека пријавените се сторители на делата. Со судска наредба биле извршени претреси во нивните домови во с.Рашче и биле пронајдени докази за извршување на кривичните дела, велат од МВР.

krivicnamvr

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Катерина Ѓуровски09/12/2025 - 12:14

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Предраг Петровиќ05/12/2025 - 20:00

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он03/12/2025 - 16:48

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

Катерина Ѓуровски01/12/2025 - 10:19

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Предраг Петровиќ23/11/2025 - 13:09

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Катерина Ѓуровски12/11/2025 - 09:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен