Кривична пријава за измамници од Скопје, мета им биле угостителски работници од Струмица

Од:

Вчера од страна на полициски службеници на СВР Струмица расчистени се неколку кривични дела „измама“ извршени на подрачјето на СВР Струмица, при што е утврдено дека сторител е Б.А. од Скопје, кој во моментов е на издржување затворска казна затвор во затворот во Идризово, информира МВР.

– Имено, истиот ден, управител на угостителски објект во Струмица, пријавил дека едно лице, кое телефонски се претставило како претставник на правно лице, направило резервација во објектот за повеќе гости, а воедно побарало од пријавителот да даде 29.000 денари за подароци за гостите кои ќе му бидат вратени по пристигнување во угостителскиот објект. Во консултација со јавен обвинител, по преземени мерки и активности, побараните пари се испратени на претходно посочената локација во Скопје кај Л.Л. од Скопје, по што во соработка со полициски службеници од СВР Скопје, таа е лишена од слобода, соопшти МВР.

Во меѓувреме Л.Л. на ист начин добила дополнителни 27.000 , од друг угостителски објект од Струмица, чиј сопственик нешто подоцна ја пријавил измамата. Таа во разговор со полициски службеници појаснила дека во договор со Б.А. во повеќе наврати земала пари. Истиот ден бил направен и обид за измама и во уште еден угостителски објект од Струмица, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Против измамниците ќе биде поднесена кривична пријава по член 247 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

Во акција на МВР и АНБ: Запленето електронски докази, оружје и куршуми

Нападнат полицаец на Водно