Амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин денеска бил повикан во Министерството за надворешни работи и му била врачена дипломатска нота, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата информираат од МНР.
Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи.