Тасевска: Од утре исплата на мартовските пензии, со дополнителни 1000 денари финансиска поддршка за пензионерите

Од:

Од утре започнува исплатата на мартовските пензии за околу 330.000 пензионери. Секој пензионер на својата сметка ќе добие дополнителни 1.000 денари како помош во справувањето со последиците од кризата.Овие 1.000 денари пензионерите можат да ги искористат за купување основни намирници или плаќање сметки, а оваа финансиска помош ќе трае во следните два месеца рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска.

– Веќе од септември следува ново историско највисоко покачување на пензиите, благодарение на новата методологија за усогласување на пензиите, усвоена низ дијалог со здруженијата на пензионерите. Како одговорна партија преку Владата и институциите што ги раководиме, редовно и внимателно ги следиме движењата на светската економија и подготвени сме да преземеме дополнителни чекори за заштита на стандардот на граѓаните вели Тасевска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеќири: Три месеци нема биолошката терапија за онколошките пациенти

СДСМ: Повторно нема лекови на Онкологија, неспособноста на власта ги загрозува животите

СДСМ: ДПМНЕ продолжува со препакување на измислиците за Филипче

СДСМ: Власта им фрла трошки на работниците со покачување од срамни 1.800 денари

СДСМ: Зошто не е проширена истрагата за Кочани?

(ВИДЕО) Костова: Вработените во Култура понижени – нема поголеми плати, не се почитува Колективниот договор

А1он