Уште едно македонско семејство се врати со оштетено возило од Грција

Од:

На Граничниот премин „Богородица“ скопјанецот Г.Ј. вчера пријавил дека во местото Полигирос, во соседна Грција, му биле украдени регистерските таблички од автомобилот. Вкупно досега македонската гранична полиција регистрирала 40 оштетувања на возила и одземање таблички во Грција. Дваесет и пет од случаите се пријавени во грчката полиција, која до МВР за нив се уште не доставила никаква информација.

Како што соопшти МВР, Г.Ј. од Скопје, кој управувал „Фолксваген Голф“ со скопски регистерски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Полигирос, му биле украдени табличките, а кражбата ја пријавил и во грчката полиција.

Од вкупно 40-те оштетувања кои ги пријавиле македонските државјани, 32 се кражби на регистарски таблички, од кои во 24 случаи се украдени обете таблички. Предничи туристичкото место Ханиоти каде што досега се евидентирани 13 кражби и Неа Пори, каде се извршени шест. Во седум случаи било пријавено оштетување на возила.

Од вкупниот број случаи – 25 се пријавени од страна на наши државјани и на грчката полиција, но досега МВР се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите.

Деветнаесет од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од други места во државава.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски