Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен изјави дека „Америка нема стратегија за промена на режимот во Москва“.
Блинкен беше замолен од новинарите да ја коментира вчерашната изјава на американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека рускиот претседател Владимир Путин „не може да остане на власт“.
– Мислам дека претседателот, како што објасни синоќа Белата куќа, рече дека Путин не може да има овластување да започне војна или агресија против Украина или некој друг, рече Блинкен.
– Како што знаете, ние многупати кажавме дека Америка нема стратегија за промена на режимот во Москва или на кое било друго место, рече Блинкен.
Американскиот претседател Џо Бајден вчера во Варшава изјави: – Па овој човек не може да остане на власт, мислејќи на Путин.