ВМРО-ДПМНЕ: Фирмите во кои Заеви биле сопственици не сакаат да платат 1 милион евра данок, а годишно вртеле по 50 милиони

Од:

„Фирмите во кои Заеви биле сопственици не сакаат да платат 1 милион евра данок, а годишно вртеле по 50 милиони. Сара Јавор, Сара Инжинеринг и Дравас се трите фирми кои заедно кон државата должат 1 милион евра на име даноци“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Овие три фирми се редовни на листата на должници на УЈП, заедничко за сите три е што во истите во сопственичката структура во извесни периоди се јавувал Вице Заев.

И ако фирмите на граѓаните имаат блокирани сметки и при најмал долг кон УЈП, тие на Заеви работат без проблем и кога должат милиони.

Да биде трагедијата уште поголема е фактот што фирмите на Заеви вртат и до 50 милиони евра годишно, но долгот кон државата не го плаќаат.

Тоа е принципот од голтар преку СДСМ до милионер кој го применува Заев, Ковачевски, Каевски и другите функционери од СДСМ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела