ВМРО-ДПМНЕ: Народот не знае како да ги плати сметките за струја, а Бислимоски се гоштева во скап ресторан во Дубровник

Од:

„Народот не знае како да си ги плати сметките за струја, а Бислимоски откако му даде лиценца на синот на Заев се гоштева во скап ресторан во Дубровник. СДСМ ја покачи цената на струјата за 30%. Граѓаните што плаќале 3.000 денари, сега плаќаат 4.000 денари“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Хидроакумулациите се исцрпеа во ек на лето, а во сред грејна сезона РЕК Битола беше оставена со минимум јаглен на депонија. Сето тоа предизвика и до 50% од домашната потрошувачка на струја да се покрива со увоз на скапа струја, кога цената на истата рушеше рекорди на светските берзи.

Заради неспособноста на владата народот едвај се снаоѓа да плати сметки, а профитираат само трговците со струја, бидејќи државата е увозно зависна повеќе од кофа било до сега.

И додека народот се чуди како да плати сметки, Бислимоски му даде лиценца на синот на Заев за фирмата за трговија со струја, а иста таква фирма отвора и Кочо Анѓушев.

Откако ја донесоа државата во незавидна и зависна од увоз енергетска положба сега отвораат фирми за трговија со струја, а претседателот на РКЕ се гоштева по скапи ресторани надвор од земјата“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус