Најмалку пет индиски војници убиени на границата со Пакистан

Од:

Најмалку пет индиски војници се убиени денеска во напад во регионот Кашмир, долж границата со Пакистан, изјави висок индиски службеник.

Нападот е во време кога Индија и Пакистан прават напори за обновување на мировните преговори, прекинати во јануари по нападите на границата во кои загина еден индиски војник.

Главниот премиер на индиската сојузна држава Јаму и Кашмир, Омар Абдулах, на својот „Твитер“ профил објави: Рано изутринава бев информиран дека петмина наши војници се убиени на границата. Изразувам длабоко сочувство до нивните семејства.

Според индиските медиуми најновиот инцидент на границата бил напад на пункт на индиската армија во Кашмир.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица