Радев: Нема да дозволам Бугарија да биде вовлечена во конфликтот во Украина

Од:

Нема да дозволам Бугарија да биде вовлечена во конфликтот во Украина, беше одговорот на бугарскиот претседател Румен Радев на новинарската констатација дека само Унгарија и Бугарија не дале оружје за Украина.

– Како шеф на државата нема да дозволам Бугарија да биде вовлечена во овој конфликт. Бев избран за да ја бранам безбедноста на Бугарите и мирот во Бугарија. Цената на војната ја плаќаат граѓаните, а не телевизиските проповедници, рече Радев, пренесува БГНЕС.

Бугарскиот претседател ја коментираше и одлуката на ЕУ заеднички да купува гас од трети земји, вклучително и Русија. – Ова прашање беше покренато како предлог од Шпанија минатото лето, но војната дефинитивно ќе ја принуди ЕУ да дејствува многу посолидарно. И ако тоа се случи, тоа ќе биде успех и за бугарската влада, рече тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски